Завршија 11-те Средби на Брѓани

Во време од 21 до 23 Феврувари 2025 година во Мостар Босна и Херцеговина се одржаа 11-те Средби на Брѓани (сениори). На средбите учество зедоа контингенти на извидничките сојузи на Македонија, Србија, Црна гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Домаќин на средбите беше Сојуз на Извидници на Босна и Херцеговина, а се одржаа во хотел Ада во Мостар. Македонскиот контингент беше предводен од Миќо Стојановски ( старешина на Сојуз на Извидници на Македонија) пред започнување на средбите македонскиот контингент го посети местото Ротимља во Мостар на кое во 2004 година во авионска несреќа животот го загуби претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, претседателската делегација, обезбедувањето и пилотите на спомен обележјето беше положено цвеќе и одадена почит. За време на средбите беа остварени бројни контакти со друго Извиднички одреди, имаше разгледување на градот Мостар и неговите културно историски знаменитости исто така на средбите се одржа и национална вечер на која секој контингент се престави со својата национална традиционална храна, пијалоци , историски вредности , презентација на работата на секој сојуз на крај од завршување на средбите имаше организирана посета на изворите на река Буна. Извиднички одред Наум Наумовски - Борче од Крива Паланка како дел од Македонскиот контингент зеде учество со двајца извидници Игор и Соња Ангеловски кои покрај учеството на горенаведените активности на Националната вечер на претседателот на советот на општина Мостар господинот Џани Хахимич му беше врачена книга Монографија на Крива Паланка Исто така делегацијата од Кривопаланечкиот Извиднички одред за време на средбите остварија бројни контакти со други Извиднички одреди за понатамошна соработка и реализација на проекти

Gallery Image 0