За Нас

Во далечната 1960 година група на млади интузијасти љубители на извидничката организација формирале иницијативен одбор за формирање на Извиднички одред во Крива Паланка. Иницијативниот одбор одржал еден состанок на кој присустувале голем број на ученици и просветни работници од Основното училиште во Крива Паланка, состанокот се одржал во тогашниот клуб на Младина на Крива Паланка (денешната зграда на протвпожарната бригада ) на кој иницијаторите ги удирааат првите темели на Извидичката организација во Крива Паланка и даваат предлози за името на Извидничкиот одред , според сведоштвото на Љупчо Николовски кој во тоа време бил ученик и присуствувал на првиот состанок свикан од иницијативниот одбор биле предложени неколку имиња и тоа Сава Ковачевиќ, Сутјеска и Наум Наумовски – Борче.

alt
Gallery Image 0