Денес на 24.01.2024 година во просториите на Општина Крива Паланка од страна на преставници на УНДП во присуство на преставници од општинската администрација беше извршен финален мониторинг на проектот за што преставниците од УНДП ја дадоа следната оцена: многу добро организацијата ги има остварено сите резултати со висок квалитет на сработеното и ги има надминато очекувањата. Проектот низ број изгледа вака - 2 хонорарно ангажирани лица - 1 едукативна програма - 8 едукативни работилници - 603 деца од Крива Паланка присутни на едукативните работилници. - 5 промотивни настани за заштита на животната средина. - 89 учесници на тродневниот Боренка камп - 150 учесници на акцијата за пошумување на опожарено земјиште. - 2000 засадени дрвца. Голема благодарност да УНДП, Општина Крива Паланка, Сојуз на Извидници на Македонија, ЈП Национални шими подружница Осогово Крива Паланка, ООУ св.Јоаким Крчовски, ООУ Илинден. ОСУ Ѓорче Петров, MИА ,ЕАЗ Осоговски акцијаши од Крива Паланка, Извидничките одреди од Македонија и сите останати кои дадовте свој допринос во имплементацијата на проектот.