65 години постоење на Извиднички одред Наум Наумовски- Борче 10.11.1960 - 10.11.2025 година

Историјата е наука која се занимава со проучување на минатото, а преку пишаните документи и материјални докази се создава јасна слика за постоењето на одреден субјект. За тоа говорат овие фотографија и документи од 1960 година до ден денешен за активната работа на Извиднички Одред Наум Наумовски-Борче од Крива Паланка.

Извиднички одред Наум Наумовски- Борче од Крива Паланка е основан на 10.11.1960 година од група млади ентузијасти за прв старешина бил избран Анте Христов ( просветен работник професор по математика ) Извидничкиот одред денеска претставува модерна , вон образовна и најстара младинска организација во Крива Паланка и Североисточниот регион. Од самото основање до ден денешен според одредската архива низ одредот поминале околу 7000 извидничка.

Голема благодарност до сите поранешни членови, ветерани, сегашни активни членови и подржувачи на Извиднички одред Наум Наумовски -Борче од Крива Паланка

Gallery Image 0