На ден 28.05.2025 година 40 ученици од Основното општинско училиште Илинден кои за дополнителен наставен предмет го имат изберено предметот ИЗВИДНИШТВО го посетија извидничкиот одред Наум Наумовски - Борче од Крива Паланка при што го разгледаа извидничкиот музеј а исто така се здобија со кратко објаснување за тоа која е мисијата и целите на извидништвото. На крајот од посетата секој учесник се здоби со еко кутија
