Извиднички одред Наум Наумовски - Борче во посета на ООУ Илинден од Крива Паланка

На ден 01.12.2025 година во ООУ Илинден од Крива Паланка беше извршена презентација на Извиднички одред Наум Наумовски - Борче од Крива Паланка од страна на лице Игор Ангеловски одговорен за обука и активности во „Наум Наумовски-Борче“ од Крива Паланка.

🗺 Посетата беше поврзана со изучување на слободен изборен предмет Извидништво во седмо одделение во прво полугодие. Учениците беа запознаени со почетоците на извидништвото во Крива Паланка во далечната 1960 година за вклученоста на младите во различни возрасни групи, нивните активности и проекти.

⏱️ Се запознаа со користење на извидничките јазли, компасот дешифрирањето на пораки со користење на мпрзровата азбука како и карти со одредени размери кои се користат за извиднички цели.

🏞 Учениците имаат можност да се вклучат во извидничкиот одред како дел од извидничкото семејство, да дадат свој придонес во различни активности (лајкови, кампување, натпревари, спортски игри и сл) и да го развиваат својот натпреварувачки дух,тимска работа, самостојност, дисциплина, истражување, хуманост и одговорност.

Gallery Image 0