На ден 06.04.2025 година Извиднички одред Наум Наумовски - Борче од Крива Паланка зеде учество на Редовното годишно собрание на Сојуз на Извидници на Македонија на кое беше презентиран и усвоен наративниот и финансиски извештај за 2024 година, Беше извршена презентација на финансискиот извештај на Извиднички центар Охрид за 2024 година, извршена беше презентација на идните проектни активности и под точка разно секој делегат имаше можност до работното претседателство и Старешинство на Сојуз на Извидници на Македонија да постави прашање или да даде свој предлог.
