Од 13 до 15 Февруари 2026 година во Бечичи - Црна гора во хотел Медитеран се одржаа 12-те Средби на Брѓани и Брѓанки од Југоисточна Европа ( Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна гора и Хрватска) ,а домаќин беше Сојуз на извидници на Црна Гора Македонскиот контингент се состоеше од 16 извидника од кои двајца од Извиднички одред Наум Наумовски - Борче од Крива Паланка и 14 од Извидничко поречански одред Јадран од Скопје На средбите како главни активности беа - презентација на националните кујни каде секоја држава учесничка изврши презентација на својата национална кујна со можност за дегустација. -Размена на искуства Детално разгледување на градот Будва и запознавање со историјата на градот низ детално презентирање од страна на архиолог од Градскиот музеј на град Будва. -Брѓанско вечерно дружење На средбите учество зедоа 150 Брѓани и Брѓанки од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Домаќин на Средбите на Брѓани и Брѓанки во 2027 година ќе биде Сојуз на извидници на Србија.